На денешното рочиште од судењето во случајот „Тенк“ како сведок се појави Зоран Василевски, вработен во „Аутомакедонија“ од ‎1997 до декември 2017-та година.

Василевски, кој во критичниот момент на купувањето на „Мерцедесот“ бил вработен во „Аутомакедонија“, изјави пред судот дека во ЕУ постои регулатива за антимонополски статус на продажба на возила.

-Во Република Македонија во некаква форма е превземена во 2005 или 2006. „Аутомакедонија“ продаваше возила за кои не била генерален застапник, рече Василевски.

Освен „Опел“, „Шевролет“, „Сканија“, компанијата продаваше и „Рено Ван“ и друго. Секој дилер на автомобили можел да го продава било кој бренд, вклучително и „Мерцедес“.

Согласно споменатата регулатива, така е кај секој производ, но посебно кај возилата има примери за кои јавно се достапни информациите каде што за иста марка има повеке овластени претставници-дистрибутери.

Значи, освен возилата за кои некоја фирма е овластен увозник и дистрибутер на македонскиот пазар, во соработка со други добавувачи може да нуди и продава возила и од други брендови и производители.