Словенечкиот технички премиер Миро Церар и иден министер за надворешни работи во новата коалициска Влада на Маријан Шарац изјави денеска пред Парламентот дека како министер ќе се залага за континуитет на надворешната политика, вклучувајќи го и граничниот спор со Хрватска, за кој смета дека решен со арбитражна одлука.

Тој потенцираше дека новата словенечка Влада нема да отстапи од ставот дека Хрватска мора да ја имплементира арбитражната одлука, пренесува Хина.

- Ние од своите ставови нема да отстапиме, истакна Церар на сослушувањето пред парламентарната комисија за надворешна политика каде имаше обраќање во улога на кандидат за нов шеф на дипломатијата.

Тој потенцираше дека ќе се залага за добрососедски односи со сите соседи, вклучувајќи ја и Хрватска. Тој рече дека со Хрватска може да има дијалог за се, но не и за „меритумот на арбитражната одлука која треба да се примени“.

- Словенија ги исполни своите обврски од арбитражниот договор и почна со имплементација на арбитражната пресуда, а Хрватска тоа не го направи, рече Церар.

Тој истакна дека официјален Загреб со непризнавањето и неспроведувањето на арбитражната одлука, го крши меѓународното право.