Хуманитарен маратон “Неготино се буди” ќе се организира во овој град во февруари, а најавени се повеќе настани со што хуманитарно ќе се собираат финансиски средства за социјално загрозено семејство.
– Благодарение на младите луѓе од Црвен крст, оваа година, заедно, успеавме да направиме нешто досега невидено, нешто историско. Сите тие настани се со иста цел, да подадеме рака на најранливите, беспомошните. Да ги гушнеме толку силно, што никогаш нема да го заборават чувство на нашата прегратка и грижа – рече Димитар Аврамов од организациониот одбор.
Собраните средства од овие настани ќе бидат донирани на најзагрозеното семејство во општината. Луѓе кои немаат добар кров над главата, живеат во кал и куќа што може да се распадне во секој момент. Најавени се и повеќе спортски и културни настани.