Пред Интернационалната карневалска вечер екипи на Одделението „Комунална хигиена“ при ЈПКД „Комуналец“ интезивно работат на уредување и расчистување на централното градско подрачје, влезовите и излезите од градот, информираат од претпријатието.
Генерално чистење и уредување е извршено на сите пристапни улици до булеварите, каде ќе продефилираат учесниците во карневалската поворка в сабота вечер.
Од „Комуналец“ апелираат до граѓаните да им помогнат во одржувањето на чистотата во градот и заедно пред гостите на карневалот да ја покажат Струмица како чиста и уредена општина.