Рекордни 50 крвни единици крв се собрани во денешната акција за крводарување во Делчево, која традиционално ја организира Општинската организација на Црвен крст од Делчево.

Анита Божинова Петковска како дел од тимот на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје кој технички ја спроведе акцијата изрази задоволство од масовното учество на делчевци.

-Ова е традиционална крводарителска акција во Делчево каде мораме да се пофалиме дека имаме една плејада на хумани граќани кои даруваат крв. Досега имаме 34 дарувања, но се уште чекаат дарители на преглед кои сакаат да даруваат крв и да се вклучат во семејството на крводарители и да им помогнат на оние на кои што им е потребна крвта, истакна Божинова Петковска.

Додаде дека во рамки на денешната акција изразит бил бројот на млади крводарители, но и крводарители кои прв пат имале прилика да даруваат крв.

Следната акција со крводарителите од Делчево ќе се одржи во првата недела од месец април, оваа година.