Скршени врати, стакла и огледала и вршење физиолошка потреба во спортските соблекувални. Ова е само мал дел од грдата слика, која се почесто е присутна по натпреварите кои се одржуваат во спортската сала при делчевската гимназија. Ова го вклучи алармот во гимназијата и директорот на училиштето Љупчо Прачкоски кој денеска излезе со остра осуда за ваквото недоличнот однесување кон јавниот инвентар.

-За жал овие денови ни се случија многу немили сцени во самите соблекувални во кои учениците си дозволуваат и си даваат за право своите физиолошки потреби да ги извршуваат во самата соблекувална, а не во тоалетите каде треба да се врши најосновната елементарна потреба на самите ученици. Негижата од страна на наставниците во тој контекст, исто така многу не загрижува. Иако на секој натпревар ги предупредуваме и им укажуваме дека по завршувањето на натпреварите сите се должни да се грижат за хигиената и на трибините и во соблекувалните каде престојуваат се јавува сосем обратна слика. Оваа сала работи 24 часа и нам ни е драго што огромен број на млади луѓе од најмала до најголема возраст спортуваат, но хигиената за жал е на многу ниско ниво, констатира Прачкоски.

Ако се продолжи со ваков интензитет на негрижа кон јавниот инвентар, Прачкоски најавува забрана за користење на салата и за клубовите и до сите оние спортски работници кои ја користат.

-Апел до сите учесници на овие спортски натпревари и оние кои се гледачи кои сакаат да уживаат во спортот и оние кои што ги тренираат децата, да ја покачат хигиената до највисок степен, затоа што ако не се случи тоа, ќе превземеме најригорозни мерки и нема да дозволиме на ниту еден субјект да влезе во спортската сала, додава Прачкоски.

Делчевската гимназија беше меѓу првите спортски сали кои беа вклучени во проектот за изградба на 145 спортски сали на македонска територија. Истата освен на чсовите по физичко образование се користи и од страна на како и за организирање спортски натпревари во неколку спортови.