Малигниот меланом за десетина години ќе се лечи без проблеми.Ризикот за појава на оваа болест е 13 случаи на 100.000 жители, последните години бројот на заболени постојано расте.
Светскиот познатиот дерматовенеролог Николај Цанков од Бугарија на научниот симпозим, којшто денеска се одржува на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, во организација на Македонското здружение на дерматолози и Медицинскиот факултет-Штип вели дека научниците бележат прогрес во истражувањата и за него ќе се открие лекот.
Во првите пет месеци од минатата година, во државата се регистрирани околу 500 ново дијагностицирани со малигнен меланом, а голема е стапка на смртност кај младите до 30 години.
Цанков на симпозимот „Дерматологија 2020“ го презентираше и своето истражување во делот на пирсинзите и тетоважите. Тој на младата популација и апелира да го избегнуваат тетовирање на одредени делови од телото.
– Има и примери на канцер, кога тетоважата се направи врз некоја бенка. Но, општо кажано не толку за канцер има многу случаи на пренесување на сифилис, спинт, инфекции на вирусни заболувања, особено во минатото, кога лицата кои тетовираат ја користеле својата плунка, за да ја разредат бојата и ако се болни од некоја болест, ја пренесуваат, вели Цанков.
Универзитетскиот професор на Медицинскиот факултет, Андреј Петров вели дека околу сто дерматолизи од земајава и 300 студенти од штипскиот Универзитет денеска ги слушаат најновите достигнувања во областа на дерматовенерологијата.
На првиот Научен симпозиум во организација на Универзитетот „Гоце Делчев“ и на македонското Здружение на дерматолози беа презентирани научни трудови на десеттина познати професори од Балканот.