Учениците од кумановската гимназија „Гоце Делчев“ со повеќе активности ја одбележуваат неделата на франкофонијата од 18 до 22 март. Денеска, пред пошироката јавност презентираа каде и на кои континенти се зборува францускио јазик, организираа квиз, литературни читања…
– Денеска е денот што го посветивме на франкофонијата, направивме соодветно пано за тоа за да покажеме дека на сите пет континенти францускиот јазик е застапен. Учениците покажуваат завидни резултати, изјави професорката по француски јазик од гимназијата, Розита Благојевиќ.
Во кумановската гимназија од почетокот на 2000-тите години, функционираат билингвалните паралелеки, каде се изучуваат математика и други предмети на француски јазик.
-Има околу 50-тина ученици. Дел од оние кои завршиле веќе студираат во Франција, појасни директорката на гимназијата, Марија Тодоровска.
Од годинава согласно потпишаниот договор меѓу надлежните од македонска и француска страна се работи според програма која е претходно подготвена.
Кумановските ученици по завршување на билингвалните паралелки полагаат знаења по францусики јазик, што им овозможува полесно запишување на факултетите во Франција.
Гиманзијата „Гоце Делчев“ со години соработува со повеќе француски училишта. На 24-ти овој месец се очекува да пристигнат ученици од француската гимназија од Дулен.