„Во ист свет живееме“ е мотото под кое годинава во Дневниот центар за лица со попреченост „Порака Наша“ се одбеле Денот на лицата со Даунов Синдром. Ученици и наставници од кумановското „Кочо Рацин“ ги посетија корисниците на услугите на дневниот центар.

– „Порака Наша“ оваа година го одбележува овој ден повторно со шаренило, овој пат со испраќање поддршка за нашите другари и сите лица кои имаат Даунов синдром, со портрети на кои корисниците ги цртаа своите пријатели. Со цртежи и разговори испраќаме порака до целиот свет, дека лицата со Даунов синдром „живеат во нашиот свет, да го смениме нивниот живот од раѓањето па натаму, за да станат возрасни и рамноправни членови на општеството кон кое можат да придонесат многу, рече Марина Костовска, од Дневниот центар.

Светкиот ден на лицата со Даунов синдром се одбележува од 2006 година на 21 март симболично во знак на хромозомот кој го предизвикува овој синдром.