Со пораката „Различни, а сепак исти“ во Kрушево денеска симболично беше одбележан 21 март – Светскиот ден на лицата со Даунов синдром.

Во средното училиште „Наум Наумовски Борче“ дел од учениците облекоа шаренолики чорапи, а директорката на училиштето Снежана Миленкоска и крушевскиот градоначалник Томе Христоски, во рацете држеа банер со порака „Различни, но сепак исти“, напишана со различна големина на букви од повеќе азбуки и јазици.

Целта, како што потенцираа Христоски и Миленкоска, е да се испрати порака дека треба да бидат прифатени различните и сите заедно да живееме во еден инклузивен свет.