Во трката за градоначалник на Дебар, на предверемените локални избор, на 21 април ќе учествуваат двајца кандидати.

Тоа се познатите дебарски доктори, Хекуран Дука, кој е кандидат на ДУИ и Арбен Аголи на Алијасата за Албанците, поддржан од Движењето „Беса“.

Д-р Хекуран Дука е роден 1963 година во Дебар, оженет, татко на три деца. Средно образование завршил во родниот град, дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, каде завршил специјализација по урологија. Вработен е во Општата болница во Дебар од 1994 година.

Тој е актуелен вршител на должноста градоначаланик. На последните локални избори, во 2017 година беше дел од кандидатската листа на ДУИ и беше избран за советник во Советот на општината.

Д-р Арбен Аголи е роден во Дебар 1959 годна, оженет, татко на две деца. Средно образование завршил во Дебар, дипломирал на Медицинскиот факултет во Приштина, а специјализирал педијатрија во Скопје. Во струката има 34-годишен стаж, од кои 20 години како педијатар. Од 2004 година работи како матичен педијатар.

Тој беше кандидат на Алијасата за Албанците и на изборите во 2017 годна, кога со тесна разлика во гласовите, во вториот круг беше избран Ружди Љата, што беше негов втор мандат.

На изборте со свои кандидати одлучија да не учествуваат СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, од каде потврдуваат дека се уште немаат став кому од кандидатите ќе му дадат поддршка.

Избори за градоначалник во Дебар се организираат поради смртта на претходниот, Ружди Љата, кој, на 65-годишна возраст, почина на крајот на ноември минатата година, по кусо и тешко боледување.