Во Еко-акција, организираа Општина Гази Баба и град Скопје, заедно со ЈКП „Гази Баба“ и ЈП „Паркови и зеленило“, со поддршка на „Акцијаши“ – Скопје, денеска беа исчистени пристапните патеки и неколку критични локации во парк шумата „Гази Баба“.
Од Општината информираат дека во следната фаза започнуваат со обнова и поставување на нова урбана опрема во парк шумата. Нов модерен парк за миленици ќе биде новата содржина што ќе ја краси парк шумата Гази Баба, а на повеќе локации низ самата парк шума ќе бидат поставени реквизити за миленици и посебна урбана опрема.
– Целта на оваа акција е да бидеме пример за сите оние кои ја загадуваат животната средина. Да им покажеме дека кога сме во природа, треба и ѓубрето кое што сме го направиле, да го собереме и фрлиме во соодветни контејнери, истакна градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски.