Неколку стотици граѓани од различни возрасни групи, од ученици и спортисти, преку извидници и волонтери на Црвениот крст, наставници и професори, административни работници до планинари и пензионери учествуваа на денешната голема акција за собирање смет „Општина без смет за поубав свет“ во Крива Паланка.
Акцијата ја организира локалната самоуправа во соработка со граѓански организации и јавното претпријатие „Комуналец“.
Градоначалникот Борјанчо Мицевски изрази задоволство од одѕивот на граѓаните и најави дека акцијата ќе се реализира слендите два месеца.
Се чистеше спортскиот терен, јавните површини, дворовите на колективни станбени згради и уредениот и неуреден дел од Домачки дол. Граѓаните ги чистеа и своите дворови и подруми, депонирајќи го непотребниот шут и опасниот електронски и електричен отпад.