Во Работната единица за јавно здравје во Дебар потврдија дека се регистрирани 18 заразени од морбили, сите со лесна клиника слика.
– Првиот случај е регистриран во почетокот на февуари и до сега имаме 18 заразени од морбили. Станува збор за лица над 25 годишна возраст и сите вакцинирани,поради што и болеста ја минуваат со лесна клиничка слика. Сме немале случај со комплкации, изјави епидемилогот Ментор Меља,раководител на едницата.
Според него во последните два дена не е регистриран нов случај.
Состојбата внимателно се следи и доколку има нови случаи најверојатно ќе биде прогласена епидемија и во оваа општина.
Епидемија на морбили (мали спаници) во Дебар беше прогласена во јули мнатата година, кога повеќето од заболените беа над 30 години и не биле целосно вакцинирани, а имаше и такви кои ги имале примено и двете дози на МРП вакцината. Меѓу заразени беа и двајца здравствени работници.
Вирусот во Дебар беше „увезен“ од Албанија, кога член од семејство за време на престојот во Албанија заболел од морбили, а веднаш потоа и неговите родители. Сите заразени беа во роднинска врска или соседи и имале меѓусебен контакт.