Штипските гимназијалци од државните натпревари се вратија со освоени први, втори и трети места. Тимот по роботка го освои првото место на државниот натпревар, а средношколците од Гимназијата „Славчо Стојменски“ изработиле робот, кој пешачи по патека.
–Имаше многу голема конкуренција, ние го освоивме првото место, а задачата беше да програмираме робот да оде по одредена патека. Ние се подготвувавме три дена. Ова значи многу за нас, рече Ана Василева, член на првонаградениот тим по роботика.
Ученикот од прва година од Гимназијата „Славчо Стојменски“, Спаско Алексов, од државниот натпревар по информатика се врати со освоено трето место.
–Освоив трето место, беше тешко решив три задачи. Се подготвувам само две недели. Информатиката според мене е наука што ја дефинира иднината, технологијата, рече Алексов.
Ова е уште една потврда за квалитетот на учениците и наставниците во гимназијата во Штип, којашто е едно од четирите најдобри средни училишта во државата.
Минатата недела, ова училиште се гордееше и со освоеното прво место на републичкиот натпревар по математика од страна на нивната матурантка Јована Илиева.