Општина Струмица, во заедничка соработка со општина Струга, како партнери во спроведувањето на проектот „Промоција на туризмот и културата“-ToCulter, од 22 до 24 овој месец, учествуваше на една од најголемите меѓународни изложби за туризам во светот-Меѓународниот саем за туризам „Б-Травел 2019“ во Барселона, Шпанија, информираат од општината.

Претставници на општина Струмица, предводени од претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски, остварија голем број на состаноци и средби со менаџери, раководни лица и високи претставници на меѓународни тур-оператори, компании и организации за поддршка на туризмот, асоцијации и агенции, потенцијални партнери и соработници.

Со нив се разговараше за можноста за организирање на туристички пакети за Струмица и Струмичкиот микро-регион, а со тоа и на нашата земја во нивниот систем за резервирање и планирање на патувања, стои во информацијата од општина Струмица.

Учеството на општина Струмица, на покана на општина Струга како проектен партнер, на Меѓународниот саем за туризам „Б-Травел 2019“ во Барселона, Шпанија, се реализира во рамките на спроведувањето на проектот „Промоција на туризмот и културата“-ToCulter, финансиран од Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Грција 2014-2020 година.