Утрово на Граничниот премин Прешево од српска страна, имало застој во товарниот сообраќај, поради прекин на електричната мрежа, што довело до дефект на комуникациската опрема. По интервенција на надлежните, проблемите веќе се надминати, информираат од Царинската Управа на Република Србија, потврдија и од Граничниот премин Табановце и Царинската Управа на Македонија.
-Проблемите се надминати и полека се расчистува метежот, додаваат од македонската Царинска Управа
Дефектот настанал во 4:45 часот утрово, се наведува во информацијата на Царинската управа на Србија, поради прекин на електричната енергија, што довело до прекин на комуникациите и се создала колона долга два километра и на влезот и излезот од Србија. Во нивното соопштение се наведува дека дефектот го остраниле стручните лица од Телеком и сега системот е во функција, а царинските службеници настојуваат што е можно побрзо да се расчисти колоната на камионите.
Патничкиот сообраќај од двете страни се одвива непречено и тековно.