Почнуваат обуките за претседателите и нивните заменици на избирачките одбори, кои треба да ги спроведат претстојните Претседателски избори 2019, најави денеска претсeдaтелот на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Сенка Андреваа.

Таа на денешната прес-конференција рече дека обуките почнуваат од 3 април, а планот за едукација веќе е направен. Обуките ќе ги држат членови од Државната изборна комисија.

- Обуките се одржуваат затоа што заменик претседателот и претседателот ќе имаат еден вид симулативна обука како се пополнува образец, како се гласа како доаѓа болни и немоќни лица, рече Андреева.

Општинската изборна комисија-Штип почна и со доделувањето на решенијата за сите членови на одборите.

-Почнавме и веќе ги доделуваме решенијата на претставниците од политичките партии, кои ни доставија и список, кој се ќе биде во самиот процес на изборите, посочи Андреева.

Во Штип има 77 Избирачки места, со вкупно 462 членови на избирачките одбори. Повикот за обука што ќе се спроведува од 3 април важи за 154 од нив, кои имаат решенија за претседателската и заменичката позиција.