Штипското комунално претпријатие „Исар“ набави нови канти за домаќинствата, информира директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев. Набавени се вкупно 300 канти за отпадоци што веќе од утре можат да им се делат на домаќинствата.
-Со одлука на Управниот одбор кантите од понеделник можат да бидат поделени на граѓаните. Цената е 800 денари на 10 еднакви рати, со покажана платена сметка за последниот месец, изјави Тасев.
Тој истакна дека екипите ќе продолжат и со хортикултурно уредување на парковите низ населбите и централното градско подрачје.
-Почнавме од населбата Три Чешми, а ќе продолжиме во сите урбани и месни заедници. Ќе се уредуваат парковите површини и ќе се поставува урбана опрема, клупи, корпи за отпадоци и други реквизити, посочи Тасев.
Овие активности на штипското комунално претпријатие се редовни секоја пролет, со цел да се обноват дотраените клупи и корпи.