Во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање денеска во Скопје ќе се одржи 24-тиот состанок на советодавниот комитет на Договорот за заштита на популациите на европски лилјаци (EUROBATS).
Како што соопшти МЖСП,состанокот ќе го отвори државниот секретар во Министерството, Ана Петровска а ќе трае во текот на наредните два дена.
Договорот е потпишан во рамки на Конвенцијата за заштита на миграторни видови на дивите животни.