На 128. седница на Владата беше разгледана и усвоена Информацијата за напредокот во имплементацијата на Проектот за подобрување на општинските услуги заклучно со јануари 2019 година.
Основна цел на Проектот за подобрување на општинските услуги е подобрување на транспарентноста, финансиската одржливост и квалитетот на општинските услуги во општините учеснички во Проектот преку обезбедување финансиска поддршка за реализација на капитални инфраструктурни проекти.