По повод денот на шегата, 1 април, денеска на градскиот плоштад во Крушево се одржа традиционалниот прваприлски маскенбал во организација на основното училиште „Никола Карев“ и средното крушевско училиште „Наум Наумовски Борче“, а со поддршка од Општината.

Бројните маски на учениците од двете училишта се натрпеваруваа во повеќе категории и најдобрите ги добија наградите за најдобра групна и индивидуална маска.

Крушевскиот градоначалник Томе Христоски нагласи дека ова за младите е посебен, безгрижен ден.

– И покрај состојбата со пожарите околу Крушево, се чувствував обврзан да присуствувам на маскенбалот и да ја видам креативноста и оригиналноста на децата и младите. Верувам дека на сите присутни, младите со своите маски им го разубавија денот, рече Христоски.