Учениците од штипските основни училишта и децата од градинките денеска го одбележаат Денот на шегата. Првоаприлските маски ги покажаа во паркот „Макфест“, каде што годинава општината и Општинското основно училиште „Ванчо Прќе“ беа организатори на Априлијадата.
– Денеска по повод денот на шегата го организираме овој настан за сите ученици и за најмалите дечиња од нашиот град. Се надевам дека како и досега ова ќе биде една убава традиција, рече Билјана Казанџиска, раководител на Сектор за образование, јавни дејности и ЛЕР во Општина Штип.
Денот на шегата беше одбележат и во општините Свети Николе, Пробиштип и Карбинци, каде што учениците и децата од градинките со своите маски продефилираа низ улиците.