Со пригодна програма подготвена од најмалите од градинката „Весели цветови“ во Делчево се одбележува 1 Април – Денот на шегата.

– Супермен, Спајдермен и многу други препознатливи маски беа само дел од креациите со кои децата преку музички точки се претставија пред своите родители. Оваа година одлучивме маскенбалот во интерес на дечињата да го направиме во школскиот двор. Ова е ден кога шегата царува, па затоа преку разни досетки и песнички подготвени од воспитувачките и дечињата се претставивме пред родителите кои беа поканети да го видат сето она што го научиле нивните дечиња, изјави директорката на градинката Билјана Симовска.

Освен во градинката, одбележувањето на Први Април – Денот на шегата со учество на ученици од останатите воспитно-образовни установи продолжува со дефиле низ централните градски улици, како и богата музичка програма на летната сцена во градскиот парк во Делчево.