На платото пред Домот на културата „Кочо Рацин” во Кичево најмладите кичевчани од градинката и основните училишта го одбележаа Денот на шегата, а дел од најмладите жители на Кичево го одбележаа денот и со учество на традиционалната манифестација наречена „Дефиле на маски”.
Децата беа облечени во костуми на омилените јунаци од детските стрипови, во супермени, пчелички, бубамари, кловнови, волшебници…
Учесници на манифестацијата беа дечиња од сите националности, а програмата се одвиваше под модераторство на актерот Бујар Сахити.