По повод 1 април, Денот на шегата Општина Велес во соработка со основните училишта и градинките денеска во Младинскиот парк ја одржа традиционалната „Априлијада“, на која учествуваа најмладите од градот, децата од градинките и училиштата.
Со голема радост, насмеани и весели децата преправен во ликови од омилените бајки и цртаните филмови заедно со своите воспитувачки и наставнички продефилираа пред бројната публика кај Фонтаната во Младинскиот парк.
Како што потенцираат од Општина Велес, целта на оваа традиционална манифестација е најмладите од сите делови на градот на најубав начин меѓусебно да се запознаат и дружат.