Со пригодни пораки и флаери кои се делеа денеска на плоштадот во Валандово, штитениците од Центарот за деца со посебни потреби „Мајка Тереза“ од Гевгелија заедно со децата и вработените од Дневниот центар во Валандово, во организација на средношколците од Валандово, го одбележаа Светскиот ден на аутизмот.

За реализација на овој настан гимназијалците од Валандово неодамна беа на обука во Романија во рамки на проектот „Исти сме иако на различен начин учиме“, финансиран од Европската Унија и програмата ,,Еразмус плус,, чија цел е да се подготват децата и наставниците да ги разберат, прифатат и вклучат децата со аутизам и социјални пречки во општеството.

Во рамки на одбележувањето на светскиот ден на свесноста за аутизмот на плоштадот во Валандово беа поставени и штандови за продажба на рачни изработки од штитениците на Центарот „Мајка Тереза“ од Гевгелија.