„Сумнал“- Здружение за развој на ромската заедница во рамките на Еразмус + програмата преку клучната КА1 акција, поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од Република Македонија, го реализира проектот „Colors of Life”.

Од „Сумнал“ информираат дека цел на проектот е промоција на социјалната инклузија со фокус на социо-економска интеграција на младите луѓе во различни земји.

-Со реализацијата на проектот, целта е да се зголеми свесноста меѓу учесниците дека сите се еднакво важни за општеството како значењето на инвестирањето во образованието за подобрување на квалитетот на нивниот живот, соопштуваат од Здружението „Сумнал“.

Проектот се реализира во периодот од 1 април до 8 април 2019 година во Битола, со учесници од Италија, Албанија, Турција, Словенија, Хрватска, Грција, Бугарија и Македонија.

-Соработници во проектот се Кристина Петровска, Фатма Бајрам Аземовска, Виолета Стевановска, Моника Марковска и Елена Темелковска. По завршувањето на обуката учесниците ќе се стекнат со сертификат „Youthpass“, соопштуваат од „Сумнал“.