Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со седиште во Битола информира дека согласно законот за тутун и тутунско производство заврши издавање на евидентни листови за годинешната реколта.
Заклучно со 31 март во подрачната единица на МЗШВ Битола издадени се 2.510 евидентни листови за површина од околу 1.900 хектари што е планирана да се посади за оваа реколта.
Земјоделските стопанства не може да имаат по два или повеќе идентификациски броеви во едно домаќинство на иста адреса, и затоа потребно е да се јават до ПЕ на МЗШВ Битола и целокупното земоделско земјиште и сточарското производство да го спојат во едно семејно земјоделско стопанство. Постапката ќе трае и за време на апликацијата за субвенции за 2019 година, нагласуваат од тамошната подрачна единица на МЗШВ.