Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против Д.Х.К.(35) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.
На 19.03.2020 полициските службеници при преземање активности и мерки за пронаоѓање на пријавениот, за кој постоеле основи на сомнение дека бил извршител на кривично дело „предизвикување на општа опасност“, истиот бил забележан како управува патничко возило „ауди“, при што на бул.„Гоце Делчев“ и во с.Мажучиште, пред неговиот дом, бил направен обид за сопирање на пријавениот, но истиот со возилото се упатил кон полициските службеници, загрозувајќи ја нивната сигурност, по што со употреба на соодветни мерки и активности бил сопрен на патот за с.Долнени и лишен од слобода.