Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравени лица од кои Скопје-40, Битола-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Кичево-1, Ресен-7 и осум починати лица.
Починатите лица се по двајца пациенти од Скопје, Тетово и Струга, еден пациент од Гостивар и еден од Струмица.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст 59, 61 и 62 години.
Во ГОБ „8 Септември“ починаа четворица пациенти – двајца на возраст од 67 години и двајца 76-годишни пациенти. Во КБ Тетово е починат пациент на возраст од 66 години.