Гужви, турканици, без заштитни маски и непочитувајќи ги мерките за заштита од корона вирусот, вака викендов изгледаше забавата на стотици луѓе на музика во живо, во струмичкиот клуб „Аватар“. Клубот работи и покрај забраната за работа на ноќните клубови, со настапи на познати музичари од земјава.

Големото отворање на клубот се одржа на 11-ти јули, на кое се шпекулира дека имало 1,500 гости, од кои 300 од Скопје. Во време на пандемијата со корона, кога се забранети секакви веселби, свадби, веридби и родендени, „Аватар“ е единствениот ноќен клуб кој работи во Струмица. Освен него има уште еден ноќен клуб кој нема дозвола да работи.

Своите журки клубот ги најавува на социјалните мрежи, истакнувајќи дека поддржува македонска музика, но и со молба посетителите да ги почитуваат мерките за заштита. За вечерва е закажан уште еден настап на македонски бенд.

На 240 лица заболени од корона во земјава, ваквите непочитувања на мерките од ден во ден се повеќе го зголемуваат овој број.