ВАШИНГТОН - Сашо Мијалков, додека бил шеф на тајната полиција во Владата на Никола Груевски, не пријавил средства и имот, вклучително и недвижнини во вредност од околу два милиона долари, открива најновиот извештај на Глобална иницијатива против транснационалниот организиран криминал, кој, меѓудругото, се фокусира на добро поврзани луѓе од Балканот во Прага, пренесува Гласот на Америка на македонски јазик.
Извештајот нотира дека неговиот татко, Јордан Мијалков, исто така, бил претставник на југословенската компанија „Макотекс“ во Прага во 1980-тите.
„Само мал дел од информациите за активностите на Јордан Мијалков во Прага можат да се потврдат“, се вели во извештајот.
Целиот текст може да се прочита на mk.voanews.com