Ако бројката на новозаболени продолжи да биде трицифрена, здравствениот систем ќе колабира предупредува епидемиологот и прв човек на Центарот за јавно здравје Александар Стојанов за Алфа. -Јас како епидемиолог убеден сум што повеќе тестирања е подобро. Но може ли системот да издржи? Кој систем ќе издржи ? Значи не може системот. Јас сум да се тестира секој…ама кој систем ќе го издржи тоа каде ќе ги најдеме 2 милиони теста ? се прашува Стојанов.

И тој е поборник за масовно тестирање, смета дека секој што би се накашлал би требало да се тестира, но тоа не е возможно, нагласува. Сепак зголеменото тестирање е правиот пат според него, а интернистите и пулмолозите да имаат можност да закажуваат тестирања.

-Пулмолозите се дефинитвно квалитетно обучени за Ковид 19. Тие предлагаат да прават свој алгоритам и да закажуваат термини за да се тестираат ризичните групи на луѓе. Они се 40 тина пулмолози, во државата не знам точно колку има. И кога ќе почнат сите да прават тестови ќе прават и на пацинети ама уште толку ќе прават и на пријатели и познаници. Имавме човек од Клиника што секоја недела се тестираше – се злоупотребуваше, вели Стојанов.

Според докторот долгото чекање на резултатите дополнително ја отежнува состојбата, но и ги револтира потенцијалните заболени од корона.