Со колективна изложба на дваесет и тројца уметници вечерва беше означен крајот на годинешното 11-тото издание на Меѓународната ликовна колонија во организација на националната установа „Уметничка Галерија“ од Тетово.

Уметниците седум дена твореа во градот под Шара откако колонијата беше отворена минатиот петок. Изложени се 35 уметнички дела кои по завршувањето на изложбата ќе останат во фондот на галеријата.

-Мило ми е што оваа колонија која започна во времето кога јас бев дел од Уметничката галерија остана традиционална манифестација, истакна на свеченото отворање на колективната изложба, државниот секретар во Валмир Азири, кој во минатато бил и директор на тетовската уметничка галерија.

Дел од 11-тото издание на оваа колонија беа 23 уметници од Северна Македонија, Косово, Албанија и Турција кои седум дена работе и твореа на повеќе локации низ градот и околината.