Во Ресен денеска ќе почне 20-тата традиционална дводневна манифестација „Преспански јаболкобер 2020“ .
Манифестацијата, информираат од Општина Ресен, е поврзана со празнувањето на Православниот христијански празник Крстовден и воедно претставува традиционален почеток на бербата на јаболката во Преспа со свечено откинување на првото јаболко, кое ќе се одржи на утре во 11 часот, на овошниот насад Свислион Агроплод, Ресен.