По подолг временски период, време е повторно да се сретнете со вашите пријатели, колеги и наставници. Општина Кичево, заедно со другите релевантни институции, секогаш ќе биде близу до училишните субјекти за да го водат процесот што е можно подобро, во соработката со сите директори на училишта кои создадоа услови за развој на физичко присуство и од далечина во времe на пандемиjа, истакна на првиот ден од новата учебна година, со честитка до сите ученици и наставници, градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари.

Тој посочи дека ситуацијата создадена со КОВИД 19 направи маските, оддалеченоста и хигиената да бидат трите основни правила што ни помагаат да ги одржуваме училиштата отворени, а нашите деца да се образуваат во училиште.

– На овој ден повеќе се радуваат учениците првачињата кои за прв пат ќе седнат на училишните клупи за да научат букви, пишување и читање. За некои ученици, Националната платформа останува единствената можност за учење на далечина со надеж дека учењето ќе се одвива според наставната програма и упатствата, наведе Дехари .

– Инаку во утринските часови во сите основни училишта во Кичево започна наставата од прво до трето одделение во градот и од прво до петто во руралните училишта со физичко присуство, во средните училишта наставата започна од далечина, всушност се се одвива според препораките на МОН, и нема барем засега никаков бојко , вели Емин Насуфи раководител на секторот за образование во општина Кичево.