Секое дете да има компјутер за непречено да следи онлајн настава, е само една од детските желби искажани во театарската претстава „Волшебникот од Оз", која синоќа беше реализирана на градскиот плоштад во Кавадарци.
-Да нема војни и гладни деца во светот, сите да имаат храброст и да веруваат во своите соништа, сите да се еднакви, да се среќни и да се грижат едни за други, да нема зло во светот, беа искрените детски желби до волшебникот.
Театарската претстава за деца беше во изведба на Детското драмско студио „Неверленд" од Скопје.