Општинската организација на Црвен крст Тетово заедно со стручна екипа од Службата за трансфузиона медицина при тетовската клиничка болница за денес организираат нова крводарителска акција во населеното место Џепчиште.
-Крводарителската акција ќе се спроведе во просториите на џамијата во село Џепчиште, општина Тетово денес од 13:30 до до 16:00 часот, информираат од тетовскиот Црвен крст.
Оваа крводарителна акција беше планирана за 21 август но се одложи за денешниот датум.