Натписите „Оваа историска фигура и припаѓа на античката хеленистича историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство.“ поставени пред дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“ не издржаа ниту 24 часа.
Откако во текот на вчерашниот ден беа поставени пред спомениците на Пердика I, Архелај I, Аминта III, Александар II, Филип III и други во центарот на градот, ноќеска преку герила акција истите беа ичкртани.
На твитер се појавија и фотографии и видеа од „акцијата“ чкртање на истите а описот пред нив беше „Жива е Македонија“