Откако пред дел од спомениците во централното градско подрачје на главниот град во текот на вечерта беа ичкртани таблите со кои се означуваше дека овие историски фигури припаѓаат на хеленистачката историја и цивилизација и на светското културно наследство, а беа поставени согласно Договорот од Преспа, на социјалните медиуми се појави видео на кое се гледа како истата „герила“ акција се одвива и во Битола.
Таму исто така синојќа беше ичкртана и таблата поставена пред споменикот на Филип Втори во Битола, на која пишуваше „Во чест на Филип II Македон, историска фигура која припаѓа на античката хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследсво. Овде е претставен како антички воин“.