Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19096, бројката на оздравени пациенти е 15645, на починати е 768, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2683.
Главниот град пак ја надмина бројката од 1000 активни случаи и во моментов има 1005 активни пациенти на Ковид-19 од вкупно 7538 заразени.
Активни случаи по општини Скопје денеска
• Чаир – 61
• Гази Баба – 114
• Аеродром - 173
• Карпош – 147
• Центар – 171
• Кисела Вода – 116
• Ѓорче Петров – 74
• Бутел - 44
• Шуто Оризари – 17
• Студеничани – 4
• Сарај – 14
• Арачиново – 5
• Илинден – 32
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 4
• Петровец – 7
• Зелениково - 3
• Странец – 9
• Нераспределен-7