Во скопскиот манастир „Преполовение“ денеска беше одбележан Меѓународниот ден на деца со церебрална парализа, во организација на Здружението на родители на деца со церебрална парализа, а гости на настанот беа амбасадорот на Бугарија во земјава, Ангел Ангелов, и неговата сопруга Билјана Ангелова.

Како што соопшти Бугарската амбасада, Ангелов ја нагласи солидарноста на Бугарија и ги информираше присутните и за други добротворни акции иницирани од Амбасадата.

Како дел од хуманитарната помош обезбедена со одлука на Министерскиот совет на Република Бугарија, на иницијатива на вицепремиерката и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, беа предадени и прехранбени пакети за 32 семејства. Организаторите и присутните изразија благодарност за хуманиот гест.