Општина Росоман согласно мерките за заштита од коронавирусот, изврши дезинфекција на училишните згради при ООУ “Пере Тошев”, детската градинка “Праскичка” и јавните површини на територијата на росоманска општина.

За ова денеска информираа од Службата за односи со јавноста при локалната самоуправа.

Оттаму апелираат до граѓаните да носат маски за заштита, да се држи растојание и да се почитуваат мерките за заштита од вирусот Ковид-19.