Во чест на 11 Октомври, Ден на народното востание и Ден на борецот денеска се одржа традиционалната велосипедска трка „Трофеј 11-ти Октомври", Куманово.
Трката ја организираат, Општинскиот сојуз на спортови и велосипедскиот клуб „Вело М" Куманово, со поддршка на велосипедска федерација, СВР Куманово и општинскиот совет за безбедност во сообраќајот.
Пред почетокот на трката по булеварите возеа деца-велосипедисти, а се возеше кружно на релација „Октомвриска револуција" и „Трета Македонска Ударна Бригада"
– Прво возеа ученици машки и женски кои добија награди, медали и ваучери, потоа учествуваа велосипедски клубови од државата во категорија кадети и жени и моментално возат сениори, јуниори и категорија мастерс. Најдобрите ќе добијат медали и трката се бодува за македонскиот шампионат, изјави спортскиот директор на „Вело М", Марјан Петровски.
Трката е традиционална и се организира секоја година во чест на државниот празник 11 Октомври.