Во Берово спроведена акција за чистење на јавните површини и дезинфекција на училишта и градинки.

Акцијата како што информираа надлежните е во насока на поголема заштита на граѓаните од вирусот КОВИД-19.

-Празничните денови ги користиме за да извршиме интензивна акција за перење на јавни површини. Со истата се опфатени прометни места при што е извршена дезинфекција на влезовите, дворовите и простории во училиштата и градинката, информираа надлежните.

Деновиве во Берово е регистриран зголемен број на новозаболени од Ковид-19 поради што апелираа на почитување на мерките за заштита од вирусот.

-Апелираме до сите граѓани да се придржуваат до донесените мерки од страна на Здравствената комисија се со цел намалување на можностите за пренос на вирусот. Знаеме дека од ден на ден има се повеќе случаи и поради почитувањето на овие мерки се повеќе од важни за спречување на ширење на заразата, додаваат надлежните.

Со цел поголема заштита на граѓаните додадоа дека и во иднина редовно со чести акции за дезинфекција ќе се одржува хигиената во градот и неговите институции.