Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, со поддршка од канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава и Реактор – Истражување во акција, спроведуваат втора фаза од сеопфатното истражување во основните и средните училишта поврзано со здравствената криза и КОВИД-19.
Во втората фаза се собираат мислења, предлози и искуства од родители на ученици и за таа цел на веб-страницата на МОН се достапни прашалници за нив (на македонски и на албански јазик).
МОН ги повикува родителите за повратна информација и предлози и истовремемено им заблагодарува за вложениот труд и, како што наведува – за огромната улога која родителите ја имаат во учењето на далечина.
Целта на истражувањето е да ги сумира сите релевантни искуства и да го процени севкупното влијание на пандемијата КОВИД-19 врз образовниот процес во земјата.
– Преку вклучување на сите засегнати страни (даватели и корисници на услуги во образовниот сектор) – директори, наставници, родители и ученици, ова истражување ќе ни даде директен увид во различните искуства и важните аспекти на учењето на далечина. Добиените сознанија ќе се искористат исклучиво за анализа на постојната состојба и за креирање на идните планови и активности во образовната политика, нведува Министерството за образование и наука.