На денешната 43-седница Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) едногласно ја усвои Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси со Акциски план 2021-2025 година, што ќе биде предадена во Собранието, каде треба да биде усвоена.
Од ДКСК информираа дека во Националната стратегија првпат се воведуваат и четири нови сектори кои ќе се следат – животна средина, просторно планирање и урабанозмот, земјоделието и спортот.
– Генерално мерките и активностите коишто се презентирани во нашата Стратегија се однесуваат точно на зајакнување пред се на инситуционалниот интегритет, а со самото тоа и на личниот интегритет на вработените во институциите, но некако сумирајќи ги резултатите од сите овие мерки и активности се наметнува заклучокот дека сепак нашата Стратегија е насочена кон зајакнување на контролните механизми на институциите, пред се тука вклучувајќи ги сите инспекторати, сите контролни механизми коишто се претставени во законските решенија и нивното спроведување. Така што исполнувањето на оваа Национална стратегија и ќе доведе до целосно зајакнување на инстуционалниот интегритет и контролните механизми на државата, нагласи претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.
Од ДКСК изразија надеж дека наскоро ќе биде усвоена Националната стратегија.