Обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска при гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 ги коментираше и настаните кои се случија на 27-ми април, истакнувајќи дека обвинетите во овој случај не се терористи, а дека помилувањето било политичка одлука со која таа не се согласувала.
-Ако некој беше повреден од таа амнестија, тоа бевме јас и мојот тим. Немав избор, морав да го следам законот. Веќе кажав дека обвинетите за 27-ми април не се терористи. Требаше да одговараат само за рушење на уставниот поредок, истакна Рускоска.