Тетовско семејство упатило апел до редакцијата на информативниот портал Курир со молба за помош да се спаси нивната мајка која наместо на итна операција била отпуштена од Клиниката за неврологија откако во текот на нејзината хоспитализација на таа клиника се заразила со Ковид-19.
Според информациите на порталот, голготата во Клиничкиот центар односно на Клиниката за Неврологија на пациентката од Тетово, мајка на две деца, започнала пред 12 дена кога била хоспитализирана со дијагноза тумор на мозокот.
Во моментите кога била примена на Клиниката, пациентката поседувала два негативни ковид теста, а десетина дена потоа, семејството било известено дека операција нема да биде извршена заради тоа што пациентката била позитивна на коронавирусот.
Семејството тврди, дека инфекцијата ја добила на клиниката:
- Мојата мајка ја донесовме пред 12 дена, направивме 2 негативни ковид теста. Требаше да се оперира од тумор на мозокот кој ја направи неподвижна и со моменти на губење на свест. Во петокот требаше да и прават операција, наместо тоа специјализантка не извести да ја земеме неподвижната мајка зошто фатила ковид вирус. Нема дилеми дека вирусот е фатен тука на клиниката. Ние одбивме да ја превзмеме, бидејќи на тој начин ја осудуваме на сигурна смрт. Дополнително дома ја чека нашиот татко кој е тежок шеќераш, немаме никакви услови да одговориме на третманот кој треба да го добие нашата мајка. Ем ја заразија со ковид ем несакаат да ја оперираат. Ова не е здравство, ова е руина, низ солзи во очите раскажува за Курир.мк еден од двајцата синови кој се бори за животот на својата мајка молејќи да остане на клиниката и да се спаси нејзиниот живот.
Синот на С.Т од Тетово вели дека на маса им било оставено отпусна листа во која наводно тие и нивната мајка која е во полусвесна состојба се согласиле да оди на домашно лекување, што според тврдењето на семејството не е точно дека на такво нешто се согласиле.
Од објавената аудио снимка може да се слушне дека докторот кој разговара со семејството на пациентката им потенцира дека реалната бројка на починати и заболени од Ковид не е онаа која се соопштува во јавност, туку дека истата е за најмалку 5 пати поголема.
Во продолжение транскрипција од разговорот:
- Доктор од клиника: Значи државава има околу 1.100 дневно (заразени од ковид)
Син на пациеткната: Пратимо ситуација, се.
Доктор од клиниката: Значи со по 30 мртви, регистрирани на ден. Сметајте дека пута 5 е реалната бројка на све.
Син на пациеткната: Сега она фактички овде е заболена на …
Доктор од клиниката: Да, и сега знаете што е проблемот? Што е проблемот?
Син на пациентката: Затоа ќе ве замолам да ни објасните.
Доктор од клиниката: Ние немаме изолација...
Целиот текст на Курир.мк